Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По осум месеци се отстранува „Чациленд“ кој се наоѓаше пред Домот на Народното собрание во Белград

/

пред 279 дена

Сподели преку :

Пред Домот на Народното собрание во Белград, доцна синоќа се отстранети шаторите каде што повеќе од осум месеци престојуваа поддржувачите на властите. Претседателот Александар Вучиќ најави дека на местото ќе биде поставено божиќно село, по што сообраќајот во центарот на градот ќе биде нормализиран.

Во Пионирскиот парк сè уште има неколку шатори и метална ограда, но Вучиќ најави дека следниот месец и тие шатори ќе бидат отстранети. Тој истакна дека обидите за преземање на власта на улица се завршени и дека граѓаните собрани околу парламентот и паркот „ја спасиле државата“.

Вучиќ дополнително најави дека следната година ќе се одржат избори, уверувајќи дека актуелните власти ќе постигнат убедлива победа и дека довербата на граѓаните ќе биде „дефинитивно потврдена“. Тој истакна дека граѓаните ќе ја видат разликата при пребројувањето на гласовите и дека владејачката партија ќе победи на секое место во Србија.

Т.Д.