Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По пет години затвор за газдата и вработениот, фирмата казнета со 300.000 денари – пресуда на судот во Велес за пожар над езерото „Младост“ во 2019 година

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот Тасе Илиевски, и 58-годишниот вработен Марјан Ангелов, се виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ кај Велес во август во 2019 година, пресуди попладнево Основниот суд Велес.

Судот со кој претседаваше судијата Бојанчо Донев во пресудата одлучи дека обвинетите кривичното дело го сториле со умисла и им изрече казна затвор во траење по пет години на Илиевски и на Ангелов, засметувајќи го времетраењето на притворот. На фирмата „Реал градба“ изречена и е парична казна во висина од 300.000 денари.

Имено, осудените од искри од необезбедена брусилица, со која работеле на викенд куќа, предизвикале пожар кој избувна на 26 август во 2019 година и за брзо време се прошири и ја зафати боровата шума над велешко езеро „Младост“.

За над 10 часа во пожарот изгореа повеќе стотици хектари со квалитетна борова шума во местото кое е рекреативен центар, како и во околните населени места.