Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По разговорот со Путин, Трамп се премислува за проектилите „Томахавк“

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Володимир Зеленски ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа денеска, додека Трамп размислува дали да ја снабди Украина со проектили „томахавк“, со кои Украина би можела да напаѓа подлабоко во Русија.

–На Москва ѝ се брза да го продолжи дијалогот откако слушна за проектилите ‘томахавк‘“, кажа Зеленски додека патуваше кон Вашингтон.

Иако неодамна кажа дека би можел да ѝ даде вакви проектили на Украина, Трамп се чини почна да се премислува.

-Не можеме да ги исцрпиме американските залихи на ‘томахавк‘. Ни требаат, па не знам што можеме да направиме во врска со тоа“, кажа Трамп.

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе одржат нова рунда разговори во Будимпешта, во обид да и стават крај на војната меѓу Русија и Украина, објави Трамп синоќа.

Разговорот, кој траел речиси два часа, бил „добар и продуктивен“, оцени Трамп, додавајќи дека високи претставници на двете држави ќе се сретнат наредната недела со цел да го подготват новиот самит меѓу претседателите на двете држави.

Американската страна ќе ја претставува државниот секретар, Марко Рубио, напиша Трамп.

Американскиот претседател додава и дека за содржината на разговорот со Путин ќе го информира и украинскиот лидер, Володимир Зеленски, на утрешната средба во Белата Куќа.

Трамп најави средба со Путин во Будимпешта, по „многу продуктивниот телефонски разговор“ со рускиот лидер