Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По седум години затвор за Ѓоре Петровски – Американецот и Даниел Димески за потпалување на викендичка во Капиново

/

пред 115 дена

Сподели преку :

По седум години затвор за Ѓоре Петровски викан Американецот и Даниел Димески – пресуди Велешкиот суд во случајот за потпалување на викендичка во село Капиново во мај минатата година, која до темел изгоре.

Претходно, за истиот случај Сашо Муневски призна вина и доби исто така 7 години затвор. Според обвинението, Муневски и Димески влегле во викендичката и ја запалиле, а Петровски им помагал, односно им ја посочил локацијата.

Муневски рече дека ја запалил поради нарачка, но евентуалниот нарачател не беше обвинет. Обвинителството соопшти дека тоа ќе биде предмет на понатамошна обработка. Димески се бранеше дека мислел дека ќе одат да крадат компјутери со биткоини, а не да палат. Петровски негираше вина. Нивната одбрана побара ослободителна пресуда и најави дека ќе се жали ако не ја добијат.

Осудениот тврди: Нѝ ветија 25.000 евра за подметнување на пожарот во Капиново