Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По три години „Луфтханза“ се повлече од скопскиот аеродром

/

пред 139 дена

Сподели преку :

„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години.

Линијата треба да биде суспендирана на 1 јуни. Германскиот превозник ја одржуваше оваа линија од седум до десет пати неделно, зависно од периодот на годината. Оваа зима ги скрати фреквенциите на три лета неделно.

Превзоникот ги  откажа сите летови до крајот на летото, како и за претстојната зимска сезона, која започнува на 25 октомври.

Одлуката доаѓа во контекст на поширока стратегија на „Луфтханза груп“, која како што наведуваат од компнијата, постепено ја консолидира  својата европска мрежа што ќе доведе до тековни прилагодувања на мрежата.  Овие промени веќе резултираат со повеќекратни корекции на распоредите и намалување на одредени линии во регионот.

Првиот лет на „Луфтханза“ од Франкфурт за Скопје беше на 23 април 2023 година. Во април компанијата се соочи со  штрајк на екипажот, по што беше затворена подружницата „Сити-лајн“ и беа приземјени 27 авиони.