Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По враќање авиони и закани со високи царини, Трамп успеа да се „убеди“ со Колумбија за прифаќање на илегални мигранти од САД

/

пред 630 дена

Сподели преку :

Богота се предомисли и одлучи да дозволи слетување на авиони со мигранти од САД откако претходно претседателот на Колумбија Густаво Петро врати два авиони со мигранти поради начинот на кој се третирани.

Постигнувањето на договорот значи и избегнување на трговска војна бидејќи Трамп најави санкции против Колумбија доколку јужноамериканската држава не ги прифаќа илегалците кои војската на САД ги екстрадира во брза постапка со авиони. Претседателот на САД најави и високи царини од 25% за увозот од Колумбија, на што со иста мера возврати и Петро.

Но, проблемот се реши и Колумбија одлучи да ги прифати своите државјани по што заканите со високи царини останаа без реализација и без конкретна информација колку влијаеле врз решавањето на ситуацијата.

Колумбискиот претседател Густаво Петро најави дека сите мигранти со колумбиско државјанство ќе бидат примени дома, а САД се обврзува на хуман и достоинствен однос кон мигрантите при транспортот.

Петро посочи и дека и во Колумбија има над 15 600 американски државјани со нерегулиран статус, но дека тој нема да ги третира како САД Колумбијците, туку во согласност со меѓународните правила за третман кон човечки суштества. Петро е левичарски претседател и поранешен припадник на бунтовничките сили во Колумбија.

Агенти на американската имиграциска и царинска служба (ИЦЕ) спроведуваат секојдневни рации низ САД откако Трамп ја презема должноста во понеделникот. Досега се приведени 421 мигрант. Рации се спроведуваат во Бостон, Њујорк, Њуарк и Сан Франциско, а агентите се фокусираат на апсење на мигрантите кои извршиле кривични дела откако нелегално влегле во САД.

Депортацијата на мигрантите и новите миграциски политики во САД доведоа до протести ширум земјата, а САД се соочува со нов предизвик со нелегалната миграција откако караван од околу 1000 латино-американци тргнаа во обид да влезат во САД. Трамп пак генерално ги прогласува сите илегалци за криминалци и тврди дека земјите од Јужна Америка ги празнат затворите и ги испраќаат осудениците во САД како мигранти. Тврдењата немаат поткрепа во реалноста, но тоа нема ниту влијание врз новата американска политика и речникот на Трамп.

Мартин Трајчевски