Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По вторпат во текот на денот граничниот премин „Богородица“ кон „Евзони“ во прекин поради штрајк на грчките земјоделци

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Oд 17 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон ГП „Евзони“  повторно е целосно во прекин. Како што информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), причината за новото затворање е продолжување на штрајкот на грчките земјоделци.

Ова е втор прекин во текот на денот, откако претходно сообраќајот  беше блокиран од 11 часот, па нормализиран во 15 часот. Поради прекинот се бележат и задржувања на граничниот премин  „Дојран“ за влез во земјата.

​Магистралниот пат кон Грција е повторно недостапен за сообраќај, што предизвикува големи проблеми за патниците и транспортерите.

​Од Авто-мото сојузот на Македонија советуваат да се избегнува граничниот премин „Богородица“ сѐ додека не биде објавена нова информација за нормализација на состојбата.

Т.Д.