Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Побарувачката за извоз на јајца се зголемува, фармерите уверуваат дека снабдувањето на домашниот пазар е стабилно

/

пред 570 дена

Сподели преку :

Државна стратегија и поголем поттик на фармерите за занимавање со живинарство. Tоа според земјоделските здруженија е решение за сѐ поголемиот недостаток на јајца со кој се соочува Европа и регионот. Засега во земјава нема забележано недостаток, а цената со владините мерки е замрзната до 30 април. Сепак, големата побарувачка во странство може да предизвика зголемен извоз.

На пазарот во Струмица денеска е врвулица. Пазарен ден е, па малите фармери како Делчо од Добрејци ги носат своите производи. Тој 30 години одгледува јапонска препелица и кокошки. Kупувачите добро го познаваат и има редовни муштерии. Вели добро се продаваат, но пласманот е проблематичен за да ја прошират дејноста и малиот семеен бизнис да стане голема живинарска фарма.

Поголемите живинарски фарми во земјава за Телма велат дека засега производството и снабдувањето со јајца во државата е стабилно, но не можат да предвидат како ќе биде до Велигден, со оглед дека се зголемува побарувачката за извоз на јајца од Македонија.

Сузана Мицева