Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пoчина 52-годишен пешак откако синоќа бил прегазен во Марино од страна на 21 годишник

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Лишен од слобода возачот кој синоќа во скопското село Марино со возило удрил пешак, кој почина на местото. Повикот во МВР стигнал синоќа околу половина час пред полноќ дека на улица „500“ во село Марино, општина Илинден, патничко возило „Kиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишник удрил во 52-годишен пешак.

Повредениот починал на лице место, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.  По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење. Возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Т.Д.