Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина човекот кој се самозапали на плоштадот во Загреб

/

пред 862 дена

Сподели преку :

Човекот кој се самозапали на плоштадот Свети Марко во Загреб почина на Клиниката за трауматологија, пренесуваат медиумите од соседството.

Машкото лице кое се самозапали во Загреб и беше згрижено на Клиниката за трауматологија на одделението за интензивна нега, почина од повредите и покрај напорите на лекарите“, соопштија од болницата.

Претходно изјавија дека се здобил со изгореници од четврти степен кои му го покриле целото тело.

Медиумите потсетуваат дека пред зградата на хрватската Влада во Загреб, непознат маж се полил со бензин и се запалил.

Брзо му била укажана помош и бил однесен во болница.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изрази жалење за настанот.

Пленковиќ рече дека е рано да коментира било што: „Не ги знаеме мотивите, ниту нешто друго.

Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската Влада