Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Џина Лолобриџида

/

пред 1361 дена

Сподели преку :

Една од најголемите италијански актерки, Џина Лолобриџида почина денеска во Милано, во 95 година од животот, јави италијанската новинаска агенција АНСА.

Лолобриџида беше филмска актерка, важеше за секс симбол, а се занимаваше и со скулптура, фотографија и новинарство.

Некои од нејзините најзебележителни филмови се „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царска Венера“, „Звонарот од Нотр Дам“, итн…

При крајот на филмската кариера, Лолобриџида почна друга, како фоторепортерка и вајарка, а во 70-тите години од минатиот век, таа успеа да направи интервју со кубанскиот лидер, Фидел Кастро.