Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина една од повредените при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, јави дописиникот на МИА од Белград.

„Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која беше најтешко повредена. И покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот и Универзитетскиот центар на Војводина, дојде до смртен исход“, изјави Весна Туркулов.

Таа изрази сочувство до семејството на починатото девојка и изјави дека борбата за животите на преостанатите двајца преживеани продолжува. Сега веќе 15 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Поради настрешницата што се урна во Нови Сад, премиерот Милош Вучевиќ најави дека до крајот на неделата се очекуваат вести за нови оставки и го повика надлежното обвинителство да соопшти до каде е истрагата.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на 5 ноември поднесе оставка. Истрагата за несреќата на железничката станица во Нови Сад е во тек. Обвинителството во Нови Сад досега сослуша 71 лице.