Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина кошаркарскиот тренер Душко Вујошевиќ

/

пред 179 дена

Сподели преку :

Познатиот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина во 68-та година од животот. Кон средината на март тој беше хоспитализиран поради воспаление на градите, но и проблеми со срцето и бубрезите. Вујошевиќ со години имаше проблеми со дијабет, поради што пред една деценија заврши на Нефрологија на ВМА во Белград поради проблеми со бубрезите. Во 2025 година му беше извршена трансплантација на бубрег во Минск.

Вујошевиќ во текот на кариерата беше 12-кратен шампион на СФРЈ/Србија и Црна Гора/Србија со екипата на Партизан, а со „црно-белите“ освои и пет титули во регионалната АБА лига.

Како тренер ги предвидеше и екипите на Црвена звезда, ЦСКА Москва (Русија), Лимож (Франција), Бреша, Пистоја, Пезаро (Италија), ОКК Белград, Земун (Србија), а кариерата ја заврши во романски Клуж во 2021 година.

Беше селектор на репрезентациите на Србија и Црна Гора во 2003 година, на Црна Гора од 2007 до 2010 година, како и на БиХ во 2017 година и во 2018 година.