Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина поетесата Славица Гаџова- Свидерска

/

пред 326 дена

Сподели преку :

На 41 годишна возраст почина поетесата, преведувачка, есеистка и теоретичарка на литература,  Славица Гаџова- Свидерска, соопштија од Друштвото на писатели на Македонија. Гаџова – Свидерска живеше и работеше во Битола. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конеки“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на повеќе поетски книги, меѓу кои се: „ Бесконечност“, „Писма“, „ Политики на љубовта“, „ Тела“ и „ Политики на стравот“, научните монографии „ Книжевноста и дискурсите на моќта “ и „ Книжевноста и политичкото насилство “ и книжевно -филозофските есеи „ За смислата и за апсурдот“. Нејзините дела се преведени на десетина светски јазици. Беше главен уредник на издавачката куќа „Восток“. Добитничка е на наградите „ Антев златник“ за збирката песни „ Голгота Феминарум“ , „ Лирата на Орфеј“ на фестивалот „ Орфеј“ во Пловдив , „ Караманов“ на „ Карамановите поетски средби “ и „ Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата. Погребот на Славица Гаџова- Свидерска ќе се одржи утре – 13.ноември  од 11 до 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.