Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Денеска во 95-тата година од животот почина поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску.

Илиеску долги години беше славен како татко на романската нација, но следуваа обвинувања дека е одговорен за хаотичната транзиција на земјата од комунизам кон демократија. Тој беше прв и трет претседател на Романија – од 1990 до 1996 година, а потоа и од 2000 до 2004 година.

„Со длабоко жалење ја објавуваме веста за смртта на поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску“, се наведува во соопштението на владата во Букурешт.