По кратко боледување на 46-годишна возраст, почина театарскиот режисер Оливер Мицевски, објави Народниот театар од Битола.
Мицевски живееше во Лондон, а во јуни 2025 година, по 14 години пауза, се врати во Македонија и во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет.
Оливер Мицевски дипломирал театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Слободан Унковски. Во 2009 година добил стипендија од норвешката влада за специјализација на тема за Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен, на Универзитетот во Осло. Во меѓувреме, се преселил во Будимпешта, каде го основал независниот „Театар на покривот“.
Мицевски работел низ повеќе европски сцени, фокусиран на минималистичкиот театар и перспективите на театарот во иднина.
С.Т.











