Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Владимир Ортаковски, професор на Факултетот на безбедност и поранешен декан

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Денеска, на 75 годишна возраст, почина проф. д-р. Владимир Ортаковски, редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје и декан на истиот. Во еден мандат беше и заменик министер за наука.
Ортаковски беше член на Американското здружение за меѓународно право во Вашингтон од 1995 година; член на Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо, Италија од 1998 година; како и заменик претседател на Комисијата за дисеминација на Хуманитарното право на Македонскиот Црвен крст.
Во 1997 година ја доби наградата „Гоце Делчев” за книгата „Меѓународната положба на малцинствата”. Држеше настава по Меѓународно право на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип, како и на Правниот факултет при Универзитет „Климент Охридски“.
Владимир Ортаковски беше претседател и соосновач на Здружението за заштита на правата на детето од 1998 година. Беше претседател на Државниот совет за превенирање на малолетничко престапништво од 2009 до 2013 голдина и член на Советот за стратешки студии во МАНУ.
Низ кариерата, Владимир Ортаковски има издадено 11 книги и над 300 трудови. Погребот ќе биде на утре на градските гробишта Бутел (во капела во 12:30 часот).