Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна Австралија опен – Ѓоковиќ откажа тренинг, Кирјос откажа учество

/

пред 1367 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ повторно откажа тренинг во Мелбурн парк. Српскиот тенисер требаше да тренира вчеравечер (19 ч.) по средноевропско време, но беше тргнат од распоредот за теренот. Тој не тренираше ниту во саботата, па јавноста е во дилема дали нешто сериозно се случува со Ѓоковиќ, со оглед на проблемите со задната ложа. Дел од фановите, пак, веруваат дека српскиот ас тренирал на друго место и далеку од очите на јавноста, со оглед на одличното расположение и шоу што го демонстрира во егзибицискиот натпревар со Ник Кирјос.

Ник Кирјос, пак, го откажа учеството на Австралија опен. Одлуката ја донесе во пресрет на воведниот меч на првиот гренд слем во сезоната, а причина е повреда на коленото. Магнетната резонанца покажала дека состојбата е сериозна, на што претходно укажуваше и неговиот физиотерапевт.