Почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари. 364 луѓе ќе ја запчнат обуката. Во Скопје од пријавени 50 на дводневата обука ќе бидат 34ца. Оваа обука статуваше и во други 12 градови во земјава. Кандидатите откако ќе ја завршат обуката ќе бидат распоредени во локалните против пожарни единици, додека кандидатите од Скопје ќе бидат распоредени во Дирекцијата за заштита и спасување. Пријавените кандидати во формалната обука ќе се запознаат со техниките за гаснење на пожар, но и користење на прва помош. Според директорот на ДЗС Ангелов, откако кандидатите ќе ги исполнат очекувањата за подготвеност, некои од нив ќе бидат пуштени на терен каде опасноста од пожарите е помала.











