Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна полагањето државна матура

/

пред 1583 дена

Сподели преку :

На самиот почеток на полагањето на државната матура министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја најави новата концепција за државната матура.

На оваа концепција ќе работат МОН, Државниот испитен центар, надлежен за спроведување на државната матура, во консултација со универзитетски професори за екстерните и интерните испити.

Со свои сугестии кои се веќе подготвени ќе биде вклучена и Унијата на средношколци.

„Тоа што јас можам да го кажам е дека имаме гимназиски профили, имаме стручни профили, но исто така имаме и уметнички профили. Во делот на програмите и фондот на часови на овие профили ќе треба да се анализира. На пример за одреден проект не е истиот фонд на часови кај гимназиското образование, не е истиот фонд на тој предмет кај стручното образование или кај уметничкото образование. Една од причините за разгледување на таа концепија е овој модел. Сите треба да најдеме консензус што се во овој образовен процес“ – вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири .

Доколку се има предвид дека во април имаше 12 наставни дена без настава, на годинашната матурата ќе нема прашања кои се дел од наставната програма од тој период, додаде Шаќири.

Согласно концепцијата за државна матура и завршен испит во средното образование Државниот матурски одбор кој е надлежен за таа концепција уште во есента донесе одлука годинава матурата да се полага исто како минатата година поради пандемијата и предизвиците со кои се соочија наставниците и матурантите.

„Оваа година за државна матура се имаат пријавено 15.890. Од нив,  7135 се од гимназии,  8504 од стручни и 260 од уметнички училишта. Денес се полага мајчин јазик и тоа на трите наставни јазици македонски албански и турски. Полагањето започна во 10 часот и повратната информација е дека навремено се дистрибуирани испитните материјали и регурално се одвива испитот во сите средни училишта во земјава“ – тврди директорката на државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.

Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија. На 13 јуни ќе се полага вториот екстерен предмет, а резултатите ќе бидат објавени на 12 јули. Тој е по избор на учениците.

И оваа година најмногу се пријавиле за тестот по англиски јазик – 14 320 кандидати. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19.

Нина Стефановa