Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Почна здравствениот скрининг на жителите од Трубарево- дел од нив веќе пријавиле проблеми со дишењето

/

пред 382 дена

Сподели преку :

Теренски екипи од Клиниката за пулмологија започнаа со здравствен скрининг на жителите од Трубарево, како реакција на неодамнешниот пожар во објект каде што беше складиран опасен отпад, вклучително и литиумски батерии.

Прегледите се спроведуваат поради загриженоста за здравјето на граѓаните, од кои дел веќе пријавуваат проблеми со дишењето.

Голем е интересот за здравствени прегледи, а дел од жителите пред камерата на Телма изјавија дека и натаму, особено наутро и навечер, чувствуваат силна миризба на чад и хемикалии.

Некои од прегледаните лица денеска се упатени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија.

Иако пожарот формално е изгаснат, вчера и денеска на терен повторно биле забележани жаришта, за кои интервенирале надлежните со посипување песок.

Жителите, покрај стравот за своето здравје, се загрижени и за можна контаминација на земјоделските површини и бараат конкретна поддршка и одговор од институциите.