Општина Струмица ќе ја дислоцира ромско-турската дива населба на влезот во градот. Ќе им изгради куќи за да ги обештети стотината семејства коишто со децении живеат таму. За таа цел денеска се рушеа дивоизградени објекти кај новите турски гробишта, каде ќе треба да се уредува новата населба.











