Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината – епицентарот во Косово

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км. североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот синоќа во 22:43 часот.