Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почувствувани два земјотреса, епицентрите во Косово

/

пред 680 дена

Сподели преку :

Два земјотреса се почувствувани рано изутрината во северозападните и западните делови на земјава, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL4.0, a е почувствуван во северозападниот дел на државата со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,

Епицентарот на вториот земјотрес бил на 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL3.3, а е почувствуван само во западниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентрите на земјотресите биле на територија на Косово.