Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почувствувани два земјотреси во близина на Охрид и Струга

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека денеска наутро се регистрирани два последователни земјотреси.

Првиот земјотрес е регистриран во 5:07 часот, додека вториот девет минути подоцна, во 5:16 часот. Епицентрите потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје.

Земјотресите биле со Рихтерови локални магнитуди од 3.4 и 2.3 степени, информира опсерваторијата.

За првиот земјотрес има и дополнителна информација дека е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.