Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Подадена рака за Куманово“ – Димитриевски обезбеди поддршка од Вреди за вториот круг на избори

/

пред 360 дена

Сподели преку :

Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат за нов градоначалнички мандат Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека остварил средба со претставници на коалицијата Влен од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори.

„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“, напиша Димитриевски.