Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Подадена рака за поддршка во вториот круг за Скопје – Ѓорѓиевски на маса со Меџити и Бакиу

/

пред 362 дена

Сподели преку :

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, имал средба со Изет Меџити и Башким Бакиу од коалицијата Вреди на која, како што објави на Фејсбук, добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори.

„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата Вреди, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје. Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, напиша Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

Во вториот круг на локалните избори, на 2 ноември, противкандидат на Ѓорѓиевски во трката за градоначалник на главниот град ќе му биде Амар Мециновиќ од Левица.