Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се зголемува, тврди Мицкоски

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје ја обвинуваат градоначалничката Арсовска дека таа воопшто и не сака ниту да ги слушне нивните прашања, и покрај закажаните седници на кои тоа требало да се случи.

Мицкоски не смета дека тоа би можело да ѝ наштети на партијата на евентуалните предвремени парламентарни избори. Тврди дека, напротив, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини е двојно зголемена.

Еве јас како лидер на опозиција ви кажувам дека во оние општини во градот Скопје каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници, пред изборите и сега е некаде двојно поголема разликата во однос на СДСМ, а некаде и тројно, тврди лидерот на вмро-дпмне.