Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Подготовките почнаа – Трамп најави средба со Путин и Зеленски во наредните недели, Европа и натаму скептична

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнаа подготовки за средба на лидерите на Русија и на Украина, Владимир Путин, односно, Володимир Зеленски која би требала да се одржи во наредните недели. Најава доаѓа по неговите состаноци во Белата куќа со Зеленски и со дел од европските лидери што ги оцени како „многу добри“.

Трамп тврди дека Путин се согласил на директни разговори со Зеленски, вест што со одобрување ја дочека и украинскиот претседател. Таквата можност тој ја нарече „голем чекор напред“ кон постигнување на мировен договор.

Но, дел од европските лидери се внимателни и изразија сомнеж во искреноста на намерите на Путин. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има сериозен скептицизам во вистинската желба на Путин за мир. Сличен став има и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој порача оти не е сигурен дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит, доведувајќи ја во прашање подготвеноста на Путин за конкретни чекори за завршување на војната.