Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поголеми овластувања оти не се чувствуваме безбедно – протест на Независниот синдикат на полиција во Штип

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Под итно да се промени Законот за полиција и Кривичниот Законик. Oва се барањата на Независниот синдикат на полиција кои денеска протестираа во Штип. Порачаа дека полициските службеници излегуваат на улица, оти не се чувствуваат безбедно. Меѓу барањата им се зголемување на овластувањето, а казните за напад на службено лице да се зголемат на минимум пет години.

Синдикатот на затворската полиција даде поддршка, од каде што порачаа дека голем број на затворски полицајци ја напуштаат професијата и заминуваат да работат во супермаркетите.

Вакви протести наредниот период ќе се организираат во Куманово и Струмица.

Викторија Јованова