Официјализирана е постапката за зголемување на платите на здравствените работници, откако денеска беше потпишан Анекс на Колективниот договор за здравствена дејност со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Извршени се корекции на коефициентите во Анексот, согласно зголемувањето на минималната бруто плата во март годинава, која беше зголемена во бруто износ од 29.739 денари на 33.352 денари или за 3.613 денари.











