Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицајци на Филипините уапсени за киднапирање на четворица туристи

/

пред 865 дена

Сподели преку :

Четворица полицајци се уапсени на Филипините под обвинение дека киднапирале четворица туристи и барале откуп за нив, соопштија денеска локалните власти.

Во соопштението се наведува дека двајца полицајци на мотоцикли викендов запреле луксузен автомобил со тројца Кинези и еден Малезиец, а потоа нивните вооружени цивилни помагачи ги врзале и ги одвлекле четворицата туристи во комбе.

Двајцата Кинези успеале да избегаат и ги известиле властите.

Киднапираните туристи биле претепани, но ослободени во текот на ноќта, откако киднаперите добиле откуп од 2,5 милиони пезоси (околу 39.000 евра), изјави министерот за внатрешни работи Бенхур Абалос.

Информациите што ги дале ослободените туристи и сликите од безбедносните камери доведоа до апсење на четворица полицајци, вклучително и еден мајор, додаде тој.

Полицијата соопшти дека трага по уште најмалку 10 осомничени кои не биле полицајци, а биле инволвирани во киднапирањето, а против осомничените е поднесена кривична пријава за киднапирање, кражба на автомобили и вооружен грабеж