Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицајците ѝ рекле на сосетката дека ќе добие казна за лажно пријавување – рочиште против Стојанче Јовановски

/

пред 184 дена

Сподели преку :

На денешното судско рочиште против Стојанче Јовановски сведочеше наставничката на малата Катја. Таа рече дека во училиштето биле запознати со состојбата во домот на девојчето и за семејното насилство. За тоа ги информирала мајката која разговарала со училишниот психолог и се договориле да го следат однесувањето на детето. Однесувањето на малата Катја не било невообичаено.

Критичниот ден, според наставничката, мајката ја земала Катја од училиште и ништо не навестувало дека ќе се случи трагедија.

На семејното насилство што цели две години се случувало во домот на Ивана и Стојанче Јовановски сведочеле и соседите. Една од нив денеска во судот рече дека двапати повикувала полиција, но полицијата не можела да пронајде конкретно во кој стан се одвивало семејното насилство. Еден од полицајците ѝ се заканил дека ќе ѝ напише казна за лажно пријавување на семејно насилство..

Сведочеше и братот на Ивана, Александар Стојановски. Тој рече дека откако Јовановски ја претепал и со неговата ќерка ги исфрлил на автопат пред Штип, тој дознал дека Ивана трпела семејно насилство. Тогаш Ивана отишла да живее со нејзините родители и започнала бракоразводна постапка.

„Ми се довери дека има сериозни проблеми и ѝ треба помош да ги реши. Татко ми ангажираше адвокат за да почне бракоразводна постапка. Ивана ми се довери за станот. Рече дека се сомнева дека обвинетиот има направено фалсификат и дека без нејзина согласност го префрлил станот на свое име“, изјави сведокот Александар Стојановски.

Ивана многу се плашела од Стојанче, кој ѝ се заканувал дека ќе ѝ ја земе Катја и станот во којшто живееле, сведочеше нејзиниот брат.

 

М.М.