Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полиција во цивил ќе го обезбедува битолското училиште „Стив Наумов“ по заканите од седмоодделенецот

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Полицајци во цивил за време на наставата да  го обезбедуваат ОУ „Стив Наумов“ во Битола, откако седмоодделенец преку социјалните мрежи упати закани по живот до свои соученици и нивните родители. Ова е еден од заклучоците на вонредната седница што синоќа ја одржа Училишниот одбор на училиштето.

„Училиштето веќе ги презеде сите потребни чекори и навремено ги извести сите надлежни органи кои понатаму треба да го следат и решаваат случајот. Од страна на училиштето, до СВР Битола е побаран мониторинг и заштита, а одобрена е поддршка од полиција со постојан мониторинг од страна на цивилни полициски службеници додека трае наставниот процес“, соопшти Училишниот одбор на ОУ „Стив Наумов“ – Битола.

Случајот е пријавен и во Основното јавно обвинителство, од каде информираат дека се вршат проверки во координација со Центарот за социјални работи во Битола, бидејќи станува збор за дете кое е под возраста за кривична одговорност.  Директорот на училиштето, Никола Пискачев, изјави дека институциите постапуваат согласно своите надлежности за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.

„Најпрво беше извршен разговор со родителите на учениците во одделението  и со таткото на ученикот. Ученикот веќе ја променил средината, бидејќи состојбата овде беше тензична. Во однос на сите пријави што ги добивме од родителите за закани на  ТикТок и други социјални мрежи, сите се доставени до МВР и Центарот за социјални работи и случајот понатаму се следи“, рече Пискачев. 

Од Училишниот одбор апелираат на разумност и смиреност, а учениците редовно да присуствуваат на наставата, бидејќи се преземени сите мерки за заштита и безбедност на учениците и вработените во ОУ „Стив Наумов“ во Битола.

новинар Емилија Мисирлиевски
снимател Златко Јосифовски