Во периодот од 18:00 до 02:00 часот на 9/10 август 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа контрола во сообраќајот и одржување на јавниот ред на подрачјето на главниот град. При контролата се констатирани вкупно 99 сообраќајни прекршоци.
Од нив, 11 возила се подигнати со специјалното возило „Пајак“, а две возила се одземени поради предизвикување голема бучава. Исто така, приведени се две малолетни лица поради незастанување на даден знак „Стоп“ и возење без возачка дозвола. Четири лица се лишени од слобода откако кај нив биле пронајдени наркотични средства.
Во соработка со инспектори за животна средина, извршено е мерење на јачината на бучавата во угостителски објекти, при што два објекти во централното градско подрачје се санкционирани за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика. На овие објекти им се изготвени записници за констатираните прекршоци.
Покрај тоа, во текот на вечерта извршена и контрола на угостителски објекти во координација со Државниот пазарен инспекторат, при што се проверена документацијата на објектите.











