Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата откри поврзаност меѓу напаѓачите од Лас Вегас и Њу Орлеанс

/

пред 656 дена

Сподели преку :

Полицијата упаднаа во домот на 37-годишниот Метју Ливелсбергер од Колорадо Спрингс вчера вечерта откако тој беше осомничен за експлозијата на Сајбертрекот пред меѓународниот хотел Трамп во Лас Вегас.

Она што се знае е дека возилото било изнајмено.

Според пишувањата на медиумите осомничениот имал воено искуство и служел во истата база како и Шамсуд Дин Бахар Џабар кој пак претходната вечер исто така со изнајмено возило влета во толпа и прегази 15 луѓе утрото по новогодишната ноч во Њу Орлеанс.

Полицијата во Лас Вегас потврди дека истражува каква било потенцијална поврзаност меѓу двајцата напаѓачи.

Осомничениот возач на Сајбертрак имал неколку адреси во Колорадо Спрингс поврзани со неговото име, а доцна синоќа ФБИ пристигна во градскиот комплекс поврзан со него.

Мажот од Колорадо е осомничен дека изнајмил Сајбертрек во Колорадо и го возел преку граница.

И двајцата напаѓачи ја користеле апликацијата Туро за изнајмување на возилата, користени во двата инциденти.