Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициска наредба до демонстрантите да го напуштат центарот на Лос Анџелес

/

пред 491 дена

Сподели преку :

Во Лос Анџелес повторно ескалираа протести против рациите поврзани со имиграцијата, каде демонстрантите се соочуваат со полицијата веќе трет ден по ред. Националната гарда, која е распоредена по наредба на претседателот Доналд Трамп, употреби солзавец за да ги растера насобраните лица во центарот на Лос Анџелес.

Присутните на протестот добија налог од полицијата веднаш да се разбегаат, неколку часа откако претходно беше разбиена блокада поставена на главна патна артерија во градот. Трамп го оправда испраќањето на Националната гарда со образложение дека тие ќе обезбедат „ред и закон“.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, повика на повлекување на трупите и најави дека ќе поднесе тужба против федералната администрација, оценувајќи го тој потег како „нелегален“. Според полицијата на Лос Анџелес, за време на дивеењето во градот биле запалени неколку возила.