Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициска опсада на Ќерамидница, населбата е под ограничено движење – Штекли во стабилна состојба

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Ќерамидница е под полициска опсада по претпладневната експлозија во која е повреден Раде Трајковски Штекли. Бројни полициски екипи се забележливи во населбата во која поставените жолти ленти укажуваат на ограничување во движењето. Соседите, пак, не сакаат да коментираат ништо во врска со настанот.

Трајковски се здоби со изгореници при експлозијата и веднаш бил префрлен во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Според раководството на болницата, тој е во стабилна состојба.

Штекли беше повреден претпладнево, околу 9:20 часот, откако во двор во куќа во скопска Ќерамидница била фрлена експлозивна направа.

Експлозивна направа фрлена во двор во Ќерамидница – повреден Раде Трајковски Штекли