Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Nezavisen sindikat na policijata

Полициски синдикат – Да престане умилкување на судовите пред МВР

/

пред 554 дена

Сподели преку :

Независниот синдикат на полицијата денеска поднесе претставка пред Судскиот совет против четворица скопски судии – Бесник Авдија и Гордана Билеска од Граѓанскиот суд и Санде Зиков и Мери Дика од скопска апелација.

Бараат изземање на судиите во случаите кога вработени го тужат МВР за плати. Претставката доаѓа по состанокот од 9 април меѓу четворицата судии со претставници на МВР и Државниот правобранител.

Според Синдикатот, во случаите кога вработените го тужат Министерството за минимална плата, Судот треба да биде непристрасен, а на овој начин се координира со МВР кое е странка во постапката.

Тие сметаат дека скопскиот суд со одбивањето на тужбите на вработените сака да воспостави нова судска пракса која ќе ја следат и другите судови, а на штета на полициските службеници.