Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Политико“: Маск наскоро ќе се повлече од ДОГЕ и се враќа на бизнисот

/

пред 564 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави ДОГЕ (DOGE), наскоро ќе се повлече од позицијата, објави денеска американскиот портал Политико, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп.

Според Политико, Трамп и Маск неодамна се договориле милијардерот да се врати на своите приватни бизниси.

Во моментов ниту Белата куќа, ниту Маск, не го потврдија пишувањето на порталот.

ДОГЕ е основана со цел да се намали трошењето на владините агенции, како и да се распуштат оние чии улоги се покажаа како вишок.