Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политико: Клучни соработници на Трамп водат тајни разговори со Порошенко и Тимошенко

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Четворица високи соработници на американскиот претседател Доналд Трамп одржале тајни разговори со водечките политички противници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави „Политико“.

Според украинските парламентарци и републикански експерт за надворешна политика на САД, сојузниците на Трамп разговарале со опозициската лидерка и поранешна премиерка Јулија Тимошенко, како и со високи членови на партијата на поранешниот претседател Петро Порошенко.

Клучна тема на разговор била можноста за одржување предвремени претседателски избори во Украина и покрај тоа што во моментов изборите се прекинати поради воената состојба.

Соработниците на Трамп веруваат дека Зеленски ќе ги загуби изборите поради незадоволството на јавноста од корупцијата и заморот од војната.

Иако неговата популарност опадна во последните години, последните анкети покажуваат дека тој се уште води во претседателската трка.

Неодамнешното истражување на јавното мислење покажа дека Зеленски има поддршка од 44 отсто, додека неговиот најблизок ривал, поранешниот командант на армијата и сегашен амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, заостанува повеќе од 20 отсто. Порошенко има 10 отсто поддршка, а Тимошенко 5,7.

Иако Тимошенко и Порошенко јавно се против изборите пред крајот на војната, изворите тврдат дека преку неформални канали се позиционираат како политичари кои повеќе би сакале да соработуваат со администрацијата на Трамп.