Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полковник Тасевски во Топ Тема: НАТО мора да покаже демонстрација на сила, но и одлучност за  заштита на границите

/

пред 698 дена

Сподели преку :

  • „Главната цел на сите овие вежби е да направиме заеднички тренинг со другите нации, и тој заеднички тренинг што го имаме во сите мисии, операции и активности на НАТО да го имплементираме во нашите обуки кога ќе се вратат војници во армијата на нашите составни единици“ вели полковник Роберт Тасевски началник за борбена готовност. 

Од 2022 година НАТО полека и постепено ги зголемува своите формации. Се започнува од борбените групи и оди кон бригада. НАТО мора да покаже демонстрација на сила, но и одлучност за  заштита на границите на НАТО.

  • „Армијата на Република Македонија активно учествува во сите бригади започнувајќи од Латвија, Романија и во Бугарија, и тоа по настаните кои се случија во 2022 година. Во Латвија  нашето присуство е со едно извидувачко одделение кое во понатамошниот период, кое во понатамошниот период ќе направиме со друга формација заеднички учествуваме со вооружените сили на Република Словенија и Црна Гора. Со нив имаме заедничка обука и тренинг во Република Словенија, и понатаму  со стратегиски транспорт се упатуваме на местото на извидување на главната активност на НАТО кое трае шест месеци. По завршување на обуката секогаш завршуваме со успешна обука и вежба, каде што во сите тие мисии, операции и активности нашите припадници активно учествуваат во сите главни вежби на НАТО“ рече полковник Роберт Тасевски началник за борбена готовност. 

Следната активност на НАТО е во Романија каде нашата држава учествува со еден пешадиски вод, и активноста во Бугарија во кампот Ново Село каде учествува со еден пешадиски вод. Во Бугарија државата е под закрило на италијанскиот контингент, додека во Романија е под закрило на нивните вооружени сили.