Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина тон дрога „Кат“ скриена во завеси, откриена на атинскиот аеродром

/

пред 425 дена

Сподели преку :

На атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ е откриен половина тон од наркотична супстанца Кат, позната и како „природен кокаин“, а се проценува дека вредноста на дрогата е околу 1,5 милиона евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција.

Кат се добива од растението Catha edulis што се одгледува во источна Африка и во јужниот дел на арапскиот полуостров.

Дрогата на атинскиот аеродром била скриена во четири пратки со стока декларирана како завеси, чаршафи и ткаенини, кои транзитирале од Израел со крајна дестинација САД, а како што соопштија од ААДЕ била откриена при проверките што ги спроведуваат инспекторите на Секторот за борба против шверц при царината на аеродромот во Атина.

Од ААДЕ посочија дека „станува збор за најголемото количество на конкретната дрога, откриено досега“.

Пред повеќе од десет години, односно на 4 декември 2014 година, исто така на атинскиот аеродром биле откриени 458 килограми, а последното запленување на Кат било во 2022 година, на истиот аеродром, кога биле откриени 34 килограми.