Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска отповикува 50 амбасадори назначени од поранешната десничарска влада

/

пред 953 дена

Сподели преку :

Полска отповикува 50 амбасадори коишто биле назначени од поранешната десничарска влада. Одлуката е дел од планот на новиот проевропски кабинет за подобрување на дипломатските мисии во време кога, како што велат, се соочуваат со предизвици, особено во надворешната политика.

Според премиерот Доналд Туск, клучно е да се создаде тим од лојални дипломати во период кога соседна Украина се брани од руската инвазија. Туск нагласи дека ова не е одмазда против неговите претходници.

Според некои медиуми, отповикувањето на дипломатите може да не биде одобрено од претседателот Анджеј Дуда кој беше поврзан со поранешната десничарска влада.