Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска воведува гранични контроли со Германија

/

пред 469 дена

Сподели преку :

Од полноќ, Полска започнува со контроли на границата со Германија, во обид да го намали нерегуларниот проток на мигранти, соопшти портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед.

Контролите ќе бидат насочени кон автобуси, минибуси и возила со повеќе патници или затемнети стакла. Иако нема да има физички бариери на премините, ќе се постават знаци и ќе се стеснат сообраќајните ленти заради забавување на возилата.

Слични мерки ќе се спроведуваат и на литванската граница.

Проверките ќе вклучуваат документи на возачите и патниците, како и преглед на багажот. Полските власти уверуваат дека жителите од пограничните области нема да се соочат со непотребни пречки.

Одлуката доаѓа како одговор на постоечките германски контроли на полската граница, воведени уште во октомври 2023 година.