Граѓаните да купуваат внимателно, посебно кога станува збор за прехранбените производи, предупредуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија. Иако производителите и трговците не ја покачуваат цената, со намалување на количината или пакувањето, овие продукти наместо да поевтинат, поскапуваат . Манипулациите стануваат масовни посебно откако Владата ги ограничи профитните маржи на основните прехранбени производи.
„Фактички се намалува грамажата на производите со што тие уште повќе поскапуваат. На пазарот наоѓаме производи од 750 или 900 грама наместо килограм со што уште повеќе се оштетува потрошувачот. Во овој период се пласираат на пазрот нови произвди за да се избегне мерката за поевтинување на 75 производи. Апелирам е да не го прават тоа трговците“, вели Марјана Лончар Велкова, претседател на ОП.
Сите неправилности што ќе ги забележат граѓаните да ги пријавуваат во Државниот пазарен инспекторат, велат од ОПМ
„Ако потрошувачите забележат вакви девијантни појави да го пријават во Државниот пазарен инспекторат, затоа што тие се екипирани и може да изрекуваат и казни и времени мерки“, вели Лончар Велкова
Од Државниот пазарен инспекторат деновиве соопштија дека утврдија голем број манипулации во трговијата, за што изречени се казни од над 4 милиони денари поради менување на грамажата на производите, празни рафтови во маркетите на оние прехранбени артикли кои се на листата за ограничена профитна маржа, а се користат и манипулативни мерни единици. Од ДПИ најавија дека ќе следи заплена на производите ако не се почитуваат мерките на Владата.
Емилија Мисирлиевски











