Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Помалку патувајте и работете од дома, ќе нема враќање во нормала – ЕУ со предупредување до граѓаните

/

пред 189 дена

Сподели преку :

Енергетските последици од војната во Блискиот Исток нема да бидат краткотрајни и долго ќе се чувствуваат и Европската комисија подготвува пакет на мерки за помош на граѓаните и компаниите, најави комесарот за енергија, Дан Јоргенсен. Додаде дека предлогот вклучува намалување на даночните стапки за електрична енергија и тарифите за преносната мрежа.

„Не треба да имаме илузија дека последиците од оваа криза ќе бидат краткотрајни за енергетските пазари“, изјави Јоргенсен по вируелниот состанок со министрите за енергетика на земјите членки на Европската унија (ЕУ).

Според податоците што ги изнесе Јоргенсен, цената на гасот во ЕУ од почетокот на војната на Блискиот Исток е зголемена за 70 отсто, а на нафтата за 60 отсто. За увоз на фосилни горива во ЕУ се потрошени дополнителни 14 милијарди евра за еден месец.

Тој ги повика земјите членки на ЕУ на координиран одговор и оти мерките мора да бидат таргетирани и привремени.

„Што повеќе да се успее да се заштеди нафта, пред сè дизел воздухопловно гориво. Така ќе биде најдобро за сите“, рече Јоргенсен, потврдувајќи ги претходните медиумски написи дека Брисел сака Европјаните помалку да патуваат.