Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Помилувај и припадници на работничката класа – Хаким Џефрис со барање до Бајден

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис го повика претседателот Џо Бајден да помилува и „некои Американци од работничката класа“, откако се најде на жестоки критики во јавноста за помилувањето на неговиот син Хантер.

„За време на своите последни недели на функцијата, претседателот Џо Бајден би требал доследно да исполнува високо ниво на сочувство, какво што демонстрираше за време на својот живот, вклучително и кон неговиот син и да помилува од случај до случај и Американци од работничката класа во федералниот затворски систем чии животи се уништени со неправедни агресивни гонења за ненасилни кривични дела“, наведе Џефрис во соопштението, пренесува „Ројтерс“.

Бајден, кој ја напушта функција на 20 јануари, со месеци говореше дека нема да го помилува својот син кој беше прогласен за виновен за лажна изјава дека не бил зависник од дрога додека купувал оружје и се изјасни виновен по кривичната пријава за избегнување на плаќање данок од 1,4 милиони долари.