Во Трговскиот центар во Кочани попладнево не се урна ниту една од дивоградбите на угостителските објекти во Трговскиот центар.
Причината што не се изврши уривањето е здравствената состојба на градежниот инспектор.
Утринава бил на своето работно место, но попладнево општинските служби биле информирани дека е во болница во Штип.
Денеска во план и прависилно решение за уривање имаше само за еден објект, додека останатите три објекти не беа предмет уривање, бидејќи сопствениците имаат поднесено жалби до второстепена Комисија.











