Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поплавата ја оштети пругата меѓу Лисиче и Драчево – изменети се релациите на возовите

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Поплавата од пред два дена сериозно ја оштети железничката пруга меѓу Лисиче и Драчево. Според Македонски Железници – Инфраструктура, неправилностите по течението на реката во погорниот дел, предизвикале водата да го промени текот и да удри директно во пругата. Од таму велат дека е избегната голема трагедија, бидејќи во моментот кога настанал контактот, автоматски се исклучил возниот вод.

„Столбот што е на контактна мрежа е од дваесет и пет киловолти, односно дваесет и пет илјади волти. За да може да се сфати за колкав голем напон станува збор, може да се направи споредба со домаќинството каде се користат 220 волти. Меѓутоа, железницата има автоматско исклучување на таквиот вод. Во моментот кога настанал спојот на струјата со пругата заради големата влага и  големо паднато дрво, автоматски се исклучил возниот вод. Инаку, може да настрадаат луѓе. Моментално настапува смрт, доколку дојде контакт со таа струја“, вели Тони Ѓуревски од МЖ Инфраструктура.

Големата количина на вода остави делови од пругата да висат во воздух. Овде се забележуваат паднати дрвја, подземните кабли излегоа на површина, а врз пругата е паднат и далекуводен столб.

Водата од Маркова Река го поткопала земјиштето под железничката пруга, а паднатите дрвја дополнително го оштетиле теренот.

Во непосредна близина се наоѓа и железничкиот мост, кој, според надлежните, нема оштетувања. Сепак, под него има натрупани големи количини смет и паднати дрвја.

Надлежните информираат дека патничките возови сега сообраќаат по изменета траса. Ова важи за релациите Скопје – Гевгелија, Скопје – Велес и Скопје – Битола.

„Наместо да одат директно возовите од Драчево и Лисиче за Скопје, сега тие се пренасочуваат од Драчево кон товарна станица Трубарево, Маџари и влегуваат во Скопје. Се работи за патничкиот сообраќај бидејќи товарниот сообраќај не се одвива во овој дел“, додаде Ѓуревски.

Обилните врнежи ја излеа Маркова Река пред два дена, поплавувајќи подруми, гаражи и ниви во Батинци, Кисела Вода и Аеродром.

Тамара Марковска